fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Порано со камиони извезувавме домати и пиперки во Србија, Хрватска, Словенија, а сега немаме ни за нашиот пазар

Дали ќе ги вратиме земјоделците на нивите?

Се зголемуваат количините на земјоделски производи што ги увезуваме. Земјоделците велат дека домашното земјоделство е уништено, површините се преполовени  и дека од извозници на пиперки, домати, зелка… сме станале увозници. Порано со камиони извезувавме домати и пиперки во Србија, Хрватска, Словенија, а сега наместо домашни, јадеме увозни од Албанија, Грција, Турција, пишува vecer.press

Земјоделците велат дека ако сме имале правилна стратегија во последниве 30 години, немало да дојдеме до ова дереџе – држава што ја снабдувала цела поранешна Југославија со храна сега да биде увозно зависна.

– Не само градинарските култури туку и другите земјоделски производи ќе станат дефицитарни и ќе ги нема. Причина се ниската откупна цена и неисплатливоста на земјоделството. Откупувачите ги уценуваат земјоделците дека не се квалитетни производите и тие се принудени да ги дадат по пониски цени. Порано со камиони извезувавме домати и пиперки во Србија, Хрватска, Словенија, а сега немаме ни за нашиот пазар – вели за весникот ВЕЧЕР универзитетскиот професор Илија Каров.

Според него, нема веќе кој да го обработува земјоделското земјиште, младите се иселиле, а и земјоделството станало многу скапо да се работи.

– Во Струмица веќе не се одгледуваат земјоделски производи под пластеници, бидејќи производството е многу скапо и нема есап. И со грозјето се помина многу лошо, приносите се преполовени, а откупните цени не мрдаат со години. Не само што не се зголеми откупната цена на пченицата, за која државата бараше да се зголемат површините, туку и се намали. Лани ја откупуваа по 18-20 денари за килограм, а годинава цената падна на 9 денари за килограм. Ова е резултат на тоа што државата нема стратегија за развој на земјоделството. Земјоделците се разочарани и сè почесто се откажуваат од земјоделството – вели Ристо Велков, претседател на Сојузот на земјоделски производители од Струмица.

Земјоделците велат дека ако сме имале правилна стратегија во последниве 30 години, немало да дојдеме до ова дереџе – од држава што ја снабдувала цела поранешна Југославија со храна сега да бидеме увозно зависни. Увозот на храна последниве години постојано се зголемува, а нивите зјаат празни.

Освен на градинарските култури се намалува и домашното производство на пченица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close