fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Министерот Николовски на редовен состанок со откупувачите на тутун во Прилеп

До 3 февруари беа откупени околу 9 000 тони по просечна цена од 330 денари за килограм, а само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Тутунскиот комбинат – Прилеп ќе одржи редовен состанок со откупувачите на тутун.

Според Државниот земјоделски инспекторат, откупот на тутунот не се одвива со посакуваната динамика.

До 3 февруари беа откупени околу 9 000 тони по просечна цена од 330 денари за килограм, а само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

Директорот на Инспекторатот Јане Станкоски во саботата од Прилеп порача тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават, а на откупувачите апелира да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот.

Откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Реколтата се проценува на 13 000 до 15 000 тони. мч/аа/фото: МИА архива .

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close