Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Поскапуваат горивата од полноќ
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 82,5 денари по литар.
Цените на бензините од полноќ се зголемуваат. По еден денар бензините, додека дизелот поскапува за 2,5 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по малопродажна цена од 85,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по цена од 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 82,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари по литар, или поскапување за 2 денари. Цената на мазутот се намалува за 0,3 денари и од утре ќе се продава по цена од 41,2 денари по килограм




