Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
Поскапуваат горивата за 2 денари
Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар
Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемија за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето се должи на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на одлуката донесена во понеделникот.
Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,5 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,337 ден/кг која сега изнесува 42,338 ден/кг.