Вести

Поставен камен-темелник за новиот погон за преработка на овошје и на зеленчук

Камен-темелник за изградба на нов погон за преработка на зеленчук и на овошје е поставен во индустриската зона кај населеното место Славеј, во општина Кривогаштани.

postaven kamen temelnik za noviot pogon za prerabotka na ovoshje i na zelenchuk

 

Станува збор за нова инвестиција од 1,5 милион евра. Инвеститор е домашната компанија ДООЕЛ „Стефан“. Компанијата истакна дека фабриката ќе се простира на површина од 3.000 квадратни метри, а се планира градбата да заврши во текот на летото идната година.

За почеток ќе се вработат 50 луѓе, а планирано е бројката да достигне до 100 лица. Суровината за погонот ќе се откупува од индивидуални земјоделци.

Најголемиот дел од производството е договорено да оди за европскиот, а помал дел за американскиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close