Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести
Постигнат договор – За прва класа пиперка ајварка 40 денари по килограм
НОВО!!! Средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка, објави министерот Цветан Трипуновски.
Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка, објави министерот Цветан Трипуновски.
Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат:
прва класа – 40 денари за килограм
прва/втора класа – 30 денари за килограм
втора класа – 20 денари за килограм
трета класа – 12 денари за килограм.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка.