Агро бизнисВестиТоп вести
Постудено, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.





