fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Потпишан Договор за грант од ЕУ за модернизација на земјоделството

Средствата од грантот од четири милиони евра и 4,5 милиони од заемот од Светска банка за проектот, е со цел да се воспостави систем за безбедно отстранување нуспроизводи од животинско потекло, што е согласно ЕУ легислативата.

Република Северна Македонија добива четири милиони евра грант од ЕУ за кофинансирање на Проектот за модернизација на земјоделството на Светска банка во вредност од 46 милиони евра. Договорот за грантот од ЕУ, денеска во Министерството за финансии го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и Шијаочин Ју директорката на СБ за Западен Балкан.

На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово Масимилијано Паолучи и евроамбасадорот Дејвид Гир.

– Грант средствата од четири милиони евра, како и 4,5 милиони евра од Проектот на Светска банка ќе се искористат за воспоставување систем за безбедно отстранување на животински нуспроизводи. Целта е да се заштити животната средина и да се намали влијанието од одлагање на овој отпад на депониите, наведуваат од Министерството за финансии.

Бесими истакнал дека модернизацијата на земјоделскиот сектор во земјава е еден од приоритетите на Владата и дека оваа поддршка е значајна во таа насока.

– Овој договор е поддршка за нашите активности за модернизација на овој сектор, што е дел од нашата програма и евроинтегративниот процес. Како Влада даваме значајна поддршка на овој сектор за да се подгине конкурентноста и да се зголеми домашното производство. Од наредната година се воспоставува и нов систем за субвенции за поефикасна распределба на средствата и поголем ефект, рече министерот Бесими.

Паолучи, истакнал дека Проектот на Светска банка за модернизација на земјоделството, во износ од 46 милиони евра, е насочен кон подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и зајакнување на јавните институции во Северна Македонија во рамки на пристапниот процес на земјата во ЕУ.

– Усогласувањето на стандардите за безбедност на храната со барањата на ЕУ е од клучно значење за успешен раст на прехранбено-преработувачката индустрија и за слободен проток на земјоделските производи на пазарот. На тој начин ќе се зајакне и можноста за следење на потеклото и преработката на производите што, пак, ќе доведе до подобрување на пристапот до пазарот, потенцира Паолучи.

Николовски посочил дека имплементацијата на Проектот за модернизација на земјоделството финасиран од Светка банка, е дел од долгорочната политика за обезбедување сигурни и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.

– Освен системот за безбедно отстранување на нуспроизвоиди од животинско потекло, во рамки на проектот ќе изградиме два откупни центра во Струмица и во Ресен и логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје. Упатувам голема благодарност до Светска Банка и до Делегацијата на ЕУ за поддршката која ја добиваме не само за овој, туку и на целиот наш развоен пат за побрзо пристапување кон европското семејство, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Гир навел дека ЕУ обезбедила грант од 4,5 милиони евра што ќе го надополни заемот од 4,5 милиони евра од СБ за изградба на погони и воспоставување модерен систем за собирање и третман на нуспроизводи од животинско потекло, според највисоките стандарди на ЕУ.

Тој додал дека земјоделството и производството на храна се многу значајни сегменти за социо-економскиот развој, како и за растот на вработеноста во земјата, така што, како што нагласи Гир, Европската Унија секако ќе продолжи и во претстојните години да обезбедува значителни средства за овој важен сектор.

Проектот за модернизација на земјоделството е дел од Рамката за партнерство на Светска банка за Република Северна Македонија 2019-2023 година. Проектот е во вредност од 46 милиони евра кои со денеска потпишаниот договор, ЕУ кофинансира 4 милиони евра. Целта на проектот е да се подобри конкурентноста во насочени земјоделски подсектори и да се зајакнат институционалните капацитети на земјоделскиот сектор за пристап до европските фондови.

Проектот се состои од четири компоненти што се однесуваат на промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, пристап до обука и советодавни услуги, воспоставување системи за дистрибуција на земјоделски производи и храна и зајакнување на институционалните капацитети за пристапување во ЕУ.

Средствата од грантот од четири милиони евра и 4,5 милиони од заемот од Светска банка за проектот, е со цел да се воспостави систем за безбедно отстранување нуспроизводи од животинско потекло, што е согласно ЕУ легислативата. Тоа ќе обезбеди институционален и оперативен капацитет за упраувањето и нештетно отстранување на нус производи од животинско потекло во сето време, заштита на јавното здравство, здравјето на животните и на животната средина, кое ќе значи преработка на нуспроизводите по претходна стерилизација.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close