Потребни документи за упис во регистар за индивидуални земјоделци по закон за вршење на земјоделска дејност
Кои документи треба да ги поседувам за да може да се регистрирам како индивидуален земјоделец? Ова е едно од најчерсто поставуваните прашања од страна на земјоделците. Подолу е листата на документи која ја обезбедивме од МЗШВ ПЕ Битола:
- Да не се пензионери
- Да се државјани на Република Северна Македонија
- Да имаат земјиште или стока на негово име (поседовен лист, РБО, договор за закуп)
- Доказ за здравствена состојба (уверение од матичен лекар)
- Доказ за стручно образование (уверение фотокопија)
- Доказ дека не е изречена мерка на безбедност (забрана за вршење на дејност со правосилна пресуда од судот)
- Доказ дека нема неподмирени даночни обврски(управа за јавни приходи)
- Доказ дека не е запишан во трговскиот регистар (потврда од централен регистар)
- Доказ дека не е во работен однос или пензионер (агенција за вработување)
- Уплатница од 1356 денари на ЦР на РМ
- Копија од лична карта
З.Б.