fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите до Хоџа-Уште колку закони треба да се донесат за исплата на 5 пакет за тутунарите!?

Реакција на новоформираните тутунарски здруженија по изјавата на министерот Хоџа за Тв Сител.

Тутунарите бурно регираат на изјавата на министерот Арјанит Хоџа околу исплатат на петтиот пакет мерки за тутунопроизводителите. Во изјава за Тв Сител Хоџа вели дека-во финална фаза е законот за поддршка на тутунопроизводителите како дел од петтиот пакет мерки во износ од над 300 милиони денари, со што според Хоџа владата дополнително излегува во пресрет на тутунарите заради тешката година со откупот и ковид ситуацијата.
Тутунарите не се согласуваат со ваквата изјава на Хоџа, па реагираат.
-Во финална подготовка е законот за подршка на тутунопроизводителите во делот на 5 ти ковид пакет рече вчера министерот Хоџа. Уште колку закони треба да се донесат министре да се подели петтиот ковид пакет прашуваат тутунопроизводителите? Доста ни ја навредувате  интелигенцијата, доста е замајување, одолговлекување и манипулирање со тутунарите, се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија, чии координатор е Игор Мирчески, по изјавата на министерот Хоџа за Тв Сител.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close