fbpx
Вести

Потрошувачите да внимаваат, во маркетите се продава фалсификуван мед!

 

potroshuvachite da nimavaat o marketitte se prodava fasifikuvan med

Најсигурно за потрошувачите е да купуваат мед само од проверени производители кои пчелините семејства ги чуваат во чиста околина и не користат додатоци во нивната исхрана, а не од зелените пазари или од маркетите. Медот што го купуваат треба да биде компактен и проѕирен, со иста структура во теглата. При отворање на теглата треба да има специфичен мирис на мед

Кога купувате мед во маркет или на пазар никогаш не можете да бидете сигурни што купувате, бидејќи единствен начин да се препознае вистински мед од фалсификат е со хемиска анализа. Иако постои законска регулатива за означување на медот, сепак потрошувачите се сомневаат во квалитетот на медот што го купуваат, особено поради фактот што во последно време на пазарот се појавија многу фалсификувани пчелини производи.

Во медот не смеат да се додаваат ниту најмали количества на адитиви или други состојки, ниту пак смее да се загрева на високи температури. Медот кој поради загревање на високи температури или филтрација изгубил некои од своите изворни својства треба да биде посебно означен како „филтриран мед”.

Медот кој се произведува со помош на дохрана со шеќер нема својствен мирис, тој или е без мирис или има мирис на восок. Некои видови на мед се прилично светли, но медот никако не смее да биде во потполност безбоен. Од друга страна, темниот мед со вкус на карамела исто така може да значи дека се работи за вештачки или лош производ.

Послабо информираните купувачи често избегнуваат купување на т.н. зашеќерен или кристализиран мед, бидејќи се сомневаат во неговиот квалитет, но вистината е дека секој мед кристализира со тек на време. Некои видови на мед кристализираат многу брзо, а некои многу бавно, но важно е да се запамети дека кристализацијата не влијае на квалитетот на медот. Кристализацијата се јавува и поради складирањето на ниски температури, како и мешање на медот. При производството на т.н. кремаст мед намерно се поттикнува кристализација, бидејќи таквиот мед е многу практичен како намаз, а се карактеризира со непроѕирна бела боја.

Но, пчеларите предупредуваат дека веќе и фалсификуваниот мед ги има истите својства како и вистинскиот. Неговото производство е толку изверзирано што потрошувачите во никој случај не можат да направат разлика, ниту да забележат дека купуваат гликозен сируп, освен ако не консултираат експерт. Од една страна, тие се измамени, а од друга, се создава нелојална конкуренција која практично ги уништува сертифицираните, вистински производители.

Најсигурно за потрошувачите, како што велат од Пчеларската федерација на Македонија, е да купуваат мед само од проверени производители кои пчелините семејства ги чуваат во чиста околина и не користат додатоци во нивната исхрана, а не од зелените пазари или од маркетите. Медот што го купуваат треба да биде компактен и проѕирен, со иста структура во теглата. При отворање на теглата треба да има специфичен мирис на мед.

– Во Македонија увезени се речиси 40 тони мед, кои ја намалија цената на 190 денари. Кај нас во големопродажбата цената е над 250 денари за килограми, а бидејќи ова е слаба година останавме на заштитена цена од 350 денари, вели Јане Марков, претседател на Федерацијата.

Според него, за да се заштитат крајните потрошувачи треба да се направи брендиран македонски мед.

– Кај нас има многу квалитетни производители на мед. Тие треба да имаат шанса да дојдат поблиску до своите купувачи, кои, пак, имаат право да знаат што консумираат, вели Нацо Јовчевски, пчелар од битолско Дихово.

Според статистичките податоци, во Македонија на годишно ниво се троши само 700 грама мед по глава на жител, во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија 16 килограми. Кај нас, медот се користи како лек, а во другите држави претставува храна.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close