вестиТоп вести

Потрошувачите ќе знаат колку вода има во месото и дали е свежо или замрзнато

Потрошувачите ќе знаат колку вода има во месото, од каде е месото, дали е свежо или замрзнато, содржината на протеини … Сето ова треба да го има на новите декларации на месото кои ќе се изработат согласно новиот „Правилник за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо„ кој ќе стапи на сила од 1 мај годинава.

Сето ова, како што појасни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов е направено со цел да се допрецизираат одредени прашања кои се однесуваат на квалитетот на месото, да се обезбеди поголема заштита на вата на потрошувачите, како и да се постигне еднаква поставеност на сите субјекти на пазарот.

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close