fbpx
ВестиЛов и риболов

Повик за финансирање на рибарството

Објавен е јавен повик за субвенции во рибарството и аквакултурата. Средствата се одобруваат за одгледување и за преработки од риби. Кофинансирањето е 50 проценти од вредноста на инвестицијата до најмногу 7 милиони денари по корисник. Повикот трае до 16-ти октомври.

 

Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите кои се регистрирани за оваа дејност и кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници.

Парите се наменети за изградба на нови или за проширување и модернизација на постојните капацитети. Финансиска поддршка може да се побара и за изградба на нови објекти за преработка на рибите и набавка на опрема за обработка, складирање и пакување.

Субвенцијата се исплаќа по принципот на ко-финансирање на 50 проценти од реализираните инвестиции или повеќе во случаи кога барателот е млад земјоделец и доколку земјоделско стопанство се наоѓа во планинско рурално подрачје.

Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со платежната Агенција.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 16-ти октомври, а доколки има помалку пари од поднесените барања предност ќе имаат оние кои први аплицирале.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close