
Вести
Оглас: Се субвенционираат до 50% од каматата на кредитите за ИПАРД проекти
Државата за првпат ќе субвенционира до 50 отсто од каматата на земените кредити за реализација на ИПАРД проектите. Во тек е огласот на кој можат да се пријават сите земјоделци, преработувачки капацитети како и мали бизниси во руралните средини, кои имаат договор за користење на средствата од ИПАРД програмата. Надлежните очекуваат голем интерес пред се од примарните производители кои што имаат најголем број на апликации за ИПАРД 1 програмата.
Покривањето на каматата од страна на државата е втора мерка со која се настојува да се подобрат условите за кредитирање на земјоделците и бизнис операторите во руралните средини. Претходно беше воспоставен Гарантниот фонд.