Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Повторно, дизелот поскапува 0,5 денари
Бензините поевтинуваат за 1,5 денари
Од полноќ бензините ќе поевтинат за 1,5 денар за литар, а дизелот ќе поскапи за 0,5 денари, соопшти денеска на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Се очекува РКЕ да излезе со официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.Инаку, зборувајќи за цените на горивата, како и за споредбите што се прават со цените на суровата нафта во минатото, Бислимоски појасни дека освен цената на суровата нафта, врз конечната цена влијае и вредноста на американскиот долар, кој во моментов е 59 денари.