fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Познатиот бањички кромид кој се готвеше за војската на ЈНА, сега едвај се продава

Јусуф Абдија од Горна Бањица

Кромидот од Долна и Горна Бањица, Гостиварско или познат како бањички кромид, сега се продава на диви пазари, а своевремено беше познат во поранешна Југославија и се извезуваше со илјадници тони. Сега за жал се сведе на продажба на дивите пазари.

Јусуф Абдија од Горна Бањица е пензионер, и се уште не се откажува од производство и продажба на овој кромид. Вели квалитетот е ист како и пред неколку децении. Расадот се чува и од година во година се засадува истиот, затоа и квалитетот останува, но продажба нема, затоа и како количина секоја година се намалува. Порано речиси целата земјоделска површина од атарот на двете села била засадена со кромид, сега речиси половината од овие површини не се обработуваат.

-Кај нас нема откупни центри како во другите градови. И порано немаше откупни центри, но имаше големи фирми и го земаа кромидот. Овој производ се трошеше и за војската на Југословенска народна армија од тука земаа кромид од нашите села, затоа и сите произведуваа кромид, а сега ретко кој сака да се занимава со оваа дејност, рече Јусуф Абдија производител на кромид.

Тој е еден од стотиците земјоделци кои ги продаваат своите производи на улици и тротоари во градот. За нив надлежните не обезбедиле ниту откупни центри, ниту соодветни локации за продажба на големо. Така, кромидот се продава на јавни површини претежно во тетовската населба Горна Чаршија.

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close