вести

Барања за субвенции за осигурување на родот до 31 август

Земјоделците што сакаат да го осигурат родот до 31 август треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството за земјоделство.

baranja za subvencii za osiguruvanje na rodot do 31 avgust

 

Државата субвенционира 60 отсто од вредноста на полисата и тоа за максимални површини од 10 хектари за лозови и за овошни насади, 2 хектари за градинарски култури и 20 хектари за житни култури.

Вкупните средства наменети за оваа мерка се 70 милиони денари, а максимален износ на поддршката е до 150.000 денари за едно земјоделско стопанство.

Од оваа година за првпат, право да поднесуваат барања за субвенционирање имаат и сточарите. Осигурителните компании нудат пакети за пцовисување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close