вестиТоп вести

Како до избалансирана храна за задоволување на потребите од она што го имате на фармата

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство на Р.Македонија, во соработка со Битолската млекара – Bimilk, консултантот од Република Турција Професор Др. Армаган Хаирли (Prof. Dr. Armagan Hayirli) и компанијата Грин агро кoja е една од првите компании на пазарот за крмни смески и компоненти, беа во посета на две сточарски фарми и тоа во с.Чарлија  на фармата  ДООЕЛ Агро Дима чиј капацитет е 110 грла говеда и во с.Могила на фармата Мрмач ДООЕЛ чиј капацитет е 105 грла говеда, каде се изврши презентација на работата на апаратот Аурора НИР (Aurora NIR).

Апаратот овозможува брза и точна анализа за пченкина силажа, луцеркино сено, ТМР (total mixed ration) и друга сточна храна.

Со апаратот се  извршија мерења на силажата, луцеркино сено и концентратот кои беа затекнати на фармите и врз основа на добиените резултати се изготви дажба за исхрана на говедата по категории од страна  на Професор Др. Армаган Хаирли.

извор: АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close