
Градежен кран паднал над објект во поранешната касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија е срушен врз објектот во градба. Во СВР Битола е пријавено дека има повредени лица, a од Битолската болница велат дека нема пријавено повредени.
Настанот се случил околу 14 часот, СВР Битола потврди дека паднал кран, но чекаме подетални информации.
АБ. Фото АПЛА