fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Времето денеска, променливо облачно и посвежо

Од утре времето ќе биде стабилно и без дожд, но се очекува значајно намалување на утринските температури.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата ќе се движи до 18 степени, во Скопје до максимални 15 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно и без дожд, но се очекува значајно намалување на утринските температури. Од понеделник тие ќе се спуштаат и под нулата.

Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close