fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Преку програмата за рурален развој набавивме софистицирана аналитичка лабараториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна

Со оваа опрема се подобрува капацитетот и довербата во работењето на јавните институции, се заштитува здравјето на потрошувачите, се зголемуваат истражувачките цели во областа на квалитетот и се отвараат интегративни патишта на нашата земја кон ЕУ.

Задоволство ми е што заеднички со Факултетот за Ветеринарна Медицина преку Програмата за рурален развој за 2021 година, успеавме да набавиме софистицирана аналитичка лабараториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.
Со оваа опрема се подобрува капацитетот и довербата во работењето на јавните институции, се заштитува здравјето на потрошувачите, се зголемуваат истражувачките цели во областа на квалитетот и се отвараат интегративни патишта на нашата земја кон ЕУ.
Безбедноста и квалитетот на земјоделските производи е наш врвен приоритет, но и примарен критериум за пласман на македонските земјоделско – прехранбени производи во ЕУ.
МЗШВ отвара ново поглавје за јакнење на државните капацитети во јавните лабараториски установи и органи во управата кои вршат контрола на квалитетот и безбедност на храна, храната за животни и примероци од животната средина, напиша министерот Љупчо Николовски на Фејсбук .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close