Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Препознајте ги доматите кои се полни со хемија

Обрнете внимание на овој дел

Многу се зборува за органска храна, за прскано или непрскано овошје и зеленчук… А дали воопшто знаете да проверите дали доматите се полни со „хемија“ или не?

Доматите спаѓаат во групата овошја и е невозможно да се чуваат во текот на целата зима, но се продаваат веќе на пролет.

Како да знаете дали е прскан домат?

За да одредите дали зеленчукот или овошјето има пестициди, можете да исечете домат и да погледнете внатре. Вообичаено, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, со жолт „дел“ во центарот.

Внимавајте доматите да не се со иста големина и да изгледаат идентично, бидејќи тој што изгледа како да е „нацртан“ по ист модел, сигурно не е природен. Избегнувајте спакувано овошје, тие се речиси по правило од производство во кое обилно се користеа хемијата и пестицидите.

Ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави шари или некои од нив изгледаат „фелерично“, најверојатно се работи за непрскан домат.

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button