fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Две минути од прасење до цицање

Пред да се преместат маториците во прасилиштето, потребно е да се изврши перење и дезинфекција. Тоа подразбира, дека претходно, маториците добиле храна во која има многу целулоза и микро и макро материи, кои ќе им помогнат да ги испразнат органите за варење пред прасењето.

Кога ќе се забележи дека маторицата се подготвува за прасење, потребно е вулвата и боските да се исперат со вода и со благо средство за дезинфекција, а после тоа да се исуши со чиста памучна крпа. При сушењето се прави масажа на боските и со тоа се лачи хормонот Oxtocin, кој ќе помогне за побрзо и полесно прасење.

Прасињата се прифаќаат така што во раката се држи памучна крпа, се симнуваат деловите од постелката, почнувајќи од главата и рилката за прасето да добие воздух. Со пукање на папочната врвца доаѓа до активирање на центарот за дишење и доколку постојат делови од постелицата и водата, може да дојде до гушење. Со памучната крпа се брише прасето и воедно се врши масажа заради подобра циркулација.

За прасето треба да се овозможи температура од најмалку 32 степени, затоа што системот за воспоставување и регулација на телесната температура се воспоставува подоцна. Папокот се дезинфецира со раствор од јод и се сече на одредена должина. Таквото прасе се става кај мајката да почне да цица. Оваа процедура треба да се заврши за една до две минути по прасењето. Треба да се знае дека боските имаат иста количина млеко, доколку се во функција.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close