fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тргнаа по селата да ги чујат земјоделците

Лоши земјоделски политики, проекти на хартија од локалните власти

Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот” продолжува со бројни средби со граѓаните  низ населените места во Македонија.

Пратеникот Бране Петрушевски оствари средби со граѓани во општина Ранковце, во селата Псача, Петралица и Гиновце.

Граѓаните во овие населени места се пожалија на скапиот живот и недоволна поддршка за земјоделието од кое егзистираат, како и на се поголемиот број на млади луѓе кои не гледаат просперитет во македонските села и се иселуваат од нив, но преку глава им е одполитичарите кои на избори ветуваат се, а потоа ниакде ги нема.

Народот е заборавен и игнориран од властите. Жителите на Псача велат во последните 4 години ниту општината, ниту Владата шајка не заковале во селото. Ветениот водовод, пат, канализација, парк и реконструкцијата на училиштето останале само на хартија. Додека пак Петралица кое е преубаво место во општина Ранковце, но со никакви инвестиции од локалната и централната власт, вели пратеникот Петрушевски.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов го посети населеното место Пиперово, каде разочарувањата од политиките на власта за земјоделието се недоволни за рурален развој.

Лошо водење на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ги покоси идеите за развој на земјоделците кои вредно работат во Пиперево. Локалните власти не ги довршиле ниту проектите кои им беа оставени за довршување, вели пратеникот Ефтимов.

Пратеникот Мирче Аџиоски денеска ги посети населените места Отишани, Џепиште, Долно и Горно Косоврасти во кои власта речиси и ништо да нема направено за овие граѓани, кои се заборавени и од локалната власт.

Во разговор со нив ми кажаа дека се заборавени од локалната, а посебно од централната власт која нема ништо преземено во овие 4 години за подобрување на нивните услови за живот. Затоа овие вредни и чесни луѓе порачуваат дека на следните избори, оваа неспособна власт ќе биде заборавена и од нив, порача пратеникот Аџиоски.https://24info.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close