
Пратеникот Миле Цеков бара – Сите земјоделци кои претрпеле штети од непогоди да земат обештетување и субвенции
Според сегашните правила, за земјоделецот да добие субвенции мора да прикаже дека предал најмалку 30% производство кај регистриран откупувач дополнително доколку поднесе барање за обештетување од штета што изнесува најмногу 5% , не го следуваат субвенции.
Независниот пратеник Миле Цеков објави – Минусните температури и мразот минатата недела оставија огромни штетни последици врз лозарите и овоштарите, на многу места штетите се речиси 100%
Од тоа што го видов на лице место, но и од разговорот со производителот ми пренесе дека годинава очекувал род од околу 500 тони слива, но мразот му уништил сѐ.
Според сегашните правила, за земјоделецот да добие субвенции мора да прикаже дека предал најмалку 30% производство кај регистриран откупувач дополнително доколку поднесе барање за обештетување од штета што изнесува најмногу 5% , не го следуваат субвенции.
Затоа сакам да упатам апел до Министерството за земјоделство и Платежната агенција итно да интервенираат во измена на правилникот :
• земјоделците кои пријавиле штета од природна непогода да имаат право и на обештетување и на субвенции.
• записниците за проценета штета да се признаваат како исполнет услов
• брза реакција и излез на терен додека штетите се видливи






