Пред да се одземе лиценца на некоја банка, ќе се спасува со посебен фонд
Средствата на Фондот за решавање банки изнесуваат најмалку 1 процент од износот на вкупните покриени депозити во банките во Република Северна Македонија, пишува во Предлог-законот за решавање банки
Покрај постојниот фонд за осигурување депозити, ќе се формира и фонд за решавање банки, кој е предвиден во Предлог-законот за решавање банки. Со Фонд за осигурување депозити, како и досега ќе се обесштетуваат гарантираните влогови на штедачите во пропаднати банки, а со Фондот за решавање банки ќе се преземаат последните можни чекори за да не пропадне некоја банка. Но, и постојниот Фонд за осигурување депозити ќе претрпи измени, затоа што се предвидува промена на постојниот Закон за осигурување на депозити. Главните досегашните забелешки за овој фонд е што има обесштетување депозит најмногу до 30.000 евра и што нема никаква минимална гарантирана сума за депозитите на компаниите. Засега, не се знае дали овие клучни забелешки ќе се земат предвид при промената на регулативата.
Според Предлог-законот за решавање банки, средствата на Фондот за решавање банки изнесуваат најмалку 1 процент од износот на вкупните покриени депозити во банките во Република Северна Македонија. Овие пари ќе се користат во решавање банка која всушност исполнува услови за одземање дозвола за работа, но чие пропаѓање, односно стечај би можело да има негативно влијание врз економијата (од аспект на активностите што ги врши банката) и врз финансиската стабилност.
Парите ќе може да се користат според точно утврдени услови и намена, во постапката на решавање банка, меѓу другото за одобрување гаранции за средствата и обврските на банката што се решава, за уплата на капитал на преодната институција каде што се пренесуваат средствата и обврските на банката што се решава …
Со предлог-законот за решавање банки, надлежен орган за решавање на банките е Народната банка. Оттаму за „Слободен печат“ велат дека целта на новиот закон ќе биде натамошно јакнење на финансиската стабилностhttps://www.slobodenpecat.mk/