Агро бизнисБез категоријаВести
Предвидуваме мерка за поддршка на производителите на пролетна зелка, објави МЗШВ
Се следи состојбата во селото Пиперово со производителите и откупувачите на пролетна зелка.
Предвидуваме мерка за поддршка на производителите на пролетна зелка, објави МЗШВ. Се следи состојбата во селото Пиперово со производителите и откупувачите на пролетна зелка.
МЗШВ сите овие изминати години, докажа дека води грижа за земјоделското производство и земјоделците. Никој земјоделец не бил оставен сам и заедно, со конкретни мерки, сме го надминувале секој проблем.
Затоа и сега, како министерство, ги известуваме земјоделците дека нема да дозволиме да прават загуби во нивното производство и дека, веќе се подготвува нова мерка, која веднаш по изборните процеси и официјално ќе влезе во Владина постапка. Во овој момент нашите разговори со земјдоелците одат во насока за креирање на мерка за поддршка по килограм произведена и предадена пролетна зелка.
Како и до сега, креираната мерка, ќе биде дадена на разгелдување пред подсекторската група и потврдена од нив ќе биде доставена како предлог до Владата на усвојување.
Зелката стана наш извозен земјоделски бренд со скоро 30 милиони евра девизен прилив. Земјоделски производ значаен за државата и ние, како министерство ќе продолжиме да го развиваме овој сектор.