fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот и министрите догодина со поголеми плати

Македонскиот премиер и министрите се меѓу функционерите во регионот и во Европа кои имаат најниски плати.

Македонскиот премиер и министрите се меѓу функционерите во регионот и во Европа кои имаат најниски плати. Приближно колку македонските министри се платени носителите на јавни функции во соседна Србија, a сите останати во Европа имаат повисоки плати. Во соседството, повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и на Бугарија, додека платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските.

Информацијата за платите на македонските министри и на премиерот беше обелоденета откако деновиве беше најавено дека Владата и министерствата, како и државните агенции, следната година ќе земаат поголема плата.

Според последните објавени податоци, кои ги пренесоа дел од медиумите, премиерот Димитар Ковачевски има плата од 88 260 денари или без малку 1 500 евра, додека платите на вицепремиерите и на министрите се околу 70 илјади денари или речиси 1 200 евра. Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2 950 евра, на вицепремиерите е околу 2 500 евра, додека министрите имаат плати од по 2 000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична. Така, на пример, платата на канцеларот во Австрија изнесува 22 640 евра, додека на министрите таа е нешто над 18 000 евра, односно дури за над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close