fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот Трудо ќе ги поттикнува младите од 15 до 30 години да станат земјоделци

Канадскиот премиер Џастин Трудо има план како да го надомести недостатокот на работна сила во земјоделскиот сектор. Во моментов во земјата се спроведува програмата за поттикнување отворање нови работни места со која се отвораат дополнителни 700 работни позиции, а за да ги пополни овие места планира да ги поттикне младите од 15 до 30 години да се вработат во секторот земјоделство.

Ваквиот чекор е евидентен одговор на кризата предизвикана од пандемијата, односно на недостатокот на работна сила.

За оваа намена земјата издвојува 9,2 милиони канадски долари, а според медиумите, овој износ ќе отвори можност земјоделците да вработуваат млади лица, на возраст од 15 до 30 години, со компензација која покрива 50 отсто од трошоците.

На овој начин, Канада има за цел да ги охрабри и сопствениците во градежништвото, врз чиешто работење корона кризата зададе сериозен удар. Земјоделците кои ќе ангажираат лица кои пропаѓаат на канадските староседелци, можат дури и да добијат до 80 отсто од издвоениот износ.

Работниците од странство веќе не се честа појава во оваа држава поради рестрикциите за патување.

Се верува и дека со поттикнување на ваквиот начин на вработување може да дојде до промена на кривата од пандемијата. Сојузната влада се надева дека вработувањето на млади ќе помогне во земјоделскиот сектор на долги патеки. Треба да се напомене дека капацитетите се ограничени, па така земјоделците ќе мора да побрзаат да се пријават за програмата.

Извор: Слободен печат

Слични написи

Back to top button
Close