Почвата е изворот на антракс во селото Раовиќ

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Почвата е изворот на заразата со антракс во скопското село Раовиќ, каде минатата недела беше спалено заболено теле. Според информациите од Агенцијата за храна и ветеринарство, заразата ја имало во овој регион и порано. Сопственикот имал антракс пред повеќе од две децении.

antraks(1)

За искоренување на болеста, од Агенцијата наредиле во Раовиќ во следните 20 години да има задолжителна вакцинација на домашните животни. На терен биле и од скопскиот центар за јавно здравје за укажување до населението како да се заштитат од болеста.