fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Претпладне сончево и топло, попладне услови за локално невреме

Од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Сончево и топло време со мала до умерена облачност прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Вакво време е најавено за претпладневните часови, а од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Делови од котлината попладне ќе бидат зафатени од пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 18 до максимални 34 степени.

Променливото облачно и нестабилно време, според УХМР, ќе се задржи до петок.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close