fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пекарниците во источна македонија ги усогласија цените на лебот од 30 до 32 денари

Сите ги намалија цените на белиот и полубел леб и под замрзнатата цена од 33 денари, па цените главно се движат од 30, 31 и 32 денари. Само еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари.

Во штипските маркети празни се само рафтовите за лебот од Скопје, додека редовно го добиваат лебот од останатите пекарници во градот и од соседните производители од Виница и Пробиштип. Сите ги намалија цените на белиот и полубел леб и под замрзнатата цена од 33 денари, па цените главно се движат од 30, 31 и 32 денари. Само еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари.

Истата цена на лебот ја задржа само најголемиот штипски производител, пекарницата на трговското претпријатие „ Макпромет“ . Овој прозводител уште по нова година ја намали цената на лебот на 31 денар и по таа цена се продава и деновиве по замрзнувањето, а како што се најавува, иако има можност за цена од 33 денари, сепак нема да ја менува веќе утврдената цена од 31 денар, додека сечканиот е 32 денари.

„Веќе втор ден не добиваме леб од производотелите од Скопје кои досега редовно дистрибуираа леб, па така вчера и денеска рафтовите за леб од ‘Жито лукс’ останаа празни. За останатите лебови од регионот немаме никаков застој и пекарниците се придржуваат на донесената замрзната цена, па дури и повеќе од тоа, ги намалија цените од 29 до 32 денари. Оваа недела се зголеми потрошувачката на брашно. Граѓаните кажуваат дека почнале да си месат и сами да печат леб “, велат вработени во маркетите во Штип.https://sdk.mk/

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close