fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Преспа, печалбар од Америка запалил стрниште па изгорел насади со јаболка

М.С.(68) со живеалиште во САД и со привремен престој во с.Крани, го запалил стрништето во неговата нива на место викано „Барик“, огнот се проширил и зафатил сува трева и јаболкови дрва

На 13.7.2022 околу 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на с.Крани, ресенско, настанал пожар во ниви засадени со јаболкови дрва. Полициски службеници излегле на местото било констатирано дека откако М.С.(68) со живеалиште во САД и со привремен престој во с.Крани, го запалил стрништето во неговата нива на место викано „Барик“, огнот се проширил и зафатил сува трева и јаболкови дрва сопственост на С.П. од с.Крани и јаболкови дрва и црево сопственост на Т.К.. Пожарот бил изгаснат , а повредени нема. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close