fbpx
ВестиТоп вести

Превентивно делување и ЕУ препораки за заштита од маститис

Заболувањата на вимето на кравата, пред се маститисот, се вбројуваат во водечките заболувања кои нанесуваат голема економска штета кај одгледувачите на високо млечните крави. Поради тоа, од особена важност е постојаната соработка со ветеринарите со цел прифаќање на нивните совети и инструкции.

Маститисот доведува до намалување на секрецијата на млеко и влијае на неговиот квалитет и состав. Најдобро решение за спречување на појавата на ова заболување на кравјото виме е превенцијата и посветувањето на посебно внимание на средината во која живеат кравите, како и на зачувување на нивната здравствена состојба, односно имунолошкиот систем.

Превентивните мерки имаат за цел да се намали патогениот притисок, односно притисокот на предизвикувачите на болести на млечните жлезди. Во зависност од видот на патогените, продорот во млечните жлезди се случува за време на молзењето или во периодот помеѓу две молзења. Поради тоа, хигиената на местото каде што се одгледуваат кравите и каде што се молзат, треба да биде на високо ниво.

Исто така, особено важно е постелата под кравите да биде сува и чиста, што бара секојдневно чистење и исфрлање на нечистотијата и влажната постела и нејзина замена со сува и чиста постелка. Сочуваниот имунолошки одговор на кравите, го спречува менувањето на морфологијата на ткивото на вимето, што претставува значаен фактор во борбата против патогените микроорганизми, кои се главен причинител. За да се контролира маститисот, потребно е да се применат различни видови стратегии. Пред и после молзењето треба да се користи дезинфекционо средство за вимето, затоа што на тој начин се намалува бројот на патогени фактори, кои се наоѓаат во непосредната околина на кравјото виме.

Како ЕУ го решава овој проблем?

COST Action CA 17110 (Standardizing output – based surveillance to control non – regulated diseases of cattle in the EU, SOUND) има за цел ускладување на различни резултати на контрола кои ги спроведуваат земјите членки на ЕУ во програмата за нерегулирани болести на говедата, како што е говедската вирусна дијареа, паратуберкулозата, микоплазмоза и салмонелоза.

Неколку европски земји, веќе имаат спроведено национални или регионални програми за надзор, контрола или искоренување на наведените инфекции. Овие програми, им донесуваат видлив бенефит на фармерите кои учествуваат во проектите и индустријата за зголемување на здравјето и благосостојбата, како и намалување на употребата на антибиотици. Ова доведува до намалување на директниот губиток, на пример зголемување на производството и намалување на стапката на заболени и изумрени говеда и индиректните губитоци, кои се поврзани со специфични болести на говедата.

Развојот и учеството во SOUND акцијата има за цел оваа идеја да добие стабилна поддршка и да се спроведе во земјите кои не се членки на ЕУ. Но, овие програми, според некои стручњаци, создаваат потешкотии при трговијата со говеда, затоа што увозот на говеда има потенцијал да внесе инфективен агенс во регионите, каде што веќе е постигнато искоренување на одредени болести. Тешкотиите се однесуваат на разлики во статусот на болеста помеѓу земјите и недостаток на утврдени алати за проценка и компаративна анализа на податоците за здравствената состоја на говедата, а за кои се смета дека се искоренети помеѓу земјите и регионите.

Според досега наведеното, за успешно да се изборат фармерите со повеќедеценискиот проблем, како што е маститисот, неопходна е постојана соработка со ветеринарите кои се задолжени за превенција на болестите на животните, а со самото тоа, индиректно се одговорни за здравјето на луѓето кои ги користат и конзумираат животинските производи.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close