Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Презентација на извештајот за зелен раст во секторот земјоделство во нашата држава
На презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер во Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија при секторот за земјоделство и храна.
Светска банка денеска ќе го презентира извештајот насловен „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“, кој ќе биде претставен на претставници од земјоделскиот сектор во земјата.
Како што информираат од Канцеларијата на СБ во државава, на презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер во Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија при секторот за земјоделство и храна.Извештајот ќе го претстават Силвиа Маури, виш специјалист за земјоделство при секторот за земјоделство и храна на Светска банка и Деметрис Псалтопулос, виш експерт за земјоделска политика во Светска банка.