fbpx
Без категоријаВестиТоп вести

Пролетта е период на нови калеми и подигнување овошни насади

Пролетта е најпогоден период за подигнување на нови овошни насади. За таа цел една од најважните работи на кои треба да се побрне посебно внимание е сдниопт материјал.  Кога се располага со квалитетни садници и доколку се запазени сите потребни агротехнички мерки, земјоделецот може да се надева на квалитетно и рентабилно производство. Периодот од средината на март па до средината на месец април е погоден за калемење и создавање на материјали за садење.

Деновиве ја посетивме фирмата Агро калем од Тимјаник Неготино каде интензивно се работи на создавање на сертифициран саден материјал за лозови насади.

„Создавањето на саден материјал  воопшто не е  едноставна работа и потребно е многу да се внимава. Не е нешто невозможно, само треба да се има желба да се научи. Кога ја формиравме нашата фирма Агро калем и кога почнавме да се шириме, неопходно беше да научиме да произведуваме и саден материјал“, вели Васка Мојсовска управител на фирмата.

Секоја година се зголемува побарувачката на сертифициран саден материјал. Минатата година во Агро калем биле произведени 350 000 садници, а за оваа година се очекува да бидат произведени над 500 000 садници. Во оваа фирма покрај лозови насади може да се најдат садници и за друг вид на овошје како сливи, круши цреши и др.  Садниците во ова фирма имаат сертификат. Агро калем целата постапка ја прави со Институтот за земјоделство на Македонија. Васка вели дека не ја крие постапката на правење на садници иако кога го започнувала својот бизнис немало од кој да научи.

„Во моментов  се подготвува  дивата подлога  за калемење на лозови садници. Подлогата  мора да биде здрава и чиста без вируси, ја  набавуваме од соседна Србија. Дел од вработените  ги чистат папките и ги сечат подлогите, а други ги сечат питомите калем гранки кои ќе бидат ставени на дивата подлога. По 24 часовно киснење во вода гранчињата се носат на калемење кое може да се прави рачно или машински, ја објаснува Васка постапката. После ова се носат во сертификала, под фолија, каде  калемите ги закопуваат во пилевина или пак во многу ситен песок. Она што е многу важно во оваа фаза е темпертурата која  неколку дена не треба да биде под 28 степени целзиусови. Калемите вака покриени седат еден месец. За тоа време калемите фаќаат калус, по што се чистат и се ставаат во парафин па вокорита со вода. Таму се чуваат ден два и се носат на нива каде се садат на веќе подготвена почвена подлога“, додава Мојсовска.

Васка се присетува на 2013 година кога успеале да постигнат успешност на калемење од 93%. Постапката на калемење се смета за успешна доколку се фатат 50% од калемите. Секој процент над ова само ја зголемува успешноста на калемењето, вели Мојсовска.

Павлина Јовановска

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close