fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Приходите од акциза за тутунски производи се зголемени за 61 отсто

За 10 години потрошувачката на цигари е намалена за една третина

„Воспоставениот календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи, новиот систем за следење и контрола на тутунските производи, но и акциите коишто ги спроведува Секторот за контрола и истраги при Царинската управа ефикасно ја сузбиваат нелегалната трговија со тутун, ги зголемуваат приходите во Буџетот, а воедно овозможуваат поголема заштита на здравјето на граѓаните. Активностите и политиките на Царинската управа, се значајна алка во спроведување на здравствените даночни реформи“. Ова го истакна помошник директорот на панел дискусија „Даночење на тутунските производи“, во рамки на настан во организацијата на Светска банка.

Маженковски истакна дека од моментот на воспоставување календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи во 2013 година до 2022 година потрошувачката на цигари е намалена за една третина, а истовремено приходите од акциза за тутунски производи е зголемена за 61 процент.

Во однос на новиот систем за следење и контрола Track&Trace што ќе се имплементира од страна на управата, Маженковски вели дека истиот ќе придонесе за елиминирање на недозволената трговија со тутунските производи преку следење и контрола на тутунските производи во сите фази од негово движење. Со имплементација на системот, РС Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, ќе биде чекор понапред во спроведувањето на обврските од Протоколот на СЗО и понатамошното усогласување со законодавството на ЕУ.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close