fbpx
ВестиЛов и риболов

Пријавување субвенции за рибарство

Рибарските здруженија и организациите на производители на риби имаат дополнителен рок за поднесување на барања за субвенционирање на нивни проекти и промотивни кампањи. Пријавувањето ќе биде од 1-ви до 10-ти декември.

Овластените институции од областа на рибарството, рибарски здруженија и организациите на производителите и концесионерите ќе имаа дополнителен рок за достава на барање за финансиска поддршка на проекти за нови пазари и промотивни кампањи.

Вкупната вредност за одобрен пилот проект за еден корисник не може да го надмине износот од 500.000 денари назависно од вкупниот износ на инвестицијата.

За развој на нови пазари и промотивни кампањи поддршката од 500.000 денари ќе се користи и за oрганизирање или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари.

Баратели на овие субвенции може да бидат рибарски здруженија и организации на произведители во оваа дејност запишани во регистарот на Министерството.

Дополнителниот рок ќе трае од 1-ви до 10-ти декември, а исплатата ќе биде до 25-ти декември годинава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close