fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Прилеп сака да се задолжи пет милиони евра преку издавање општински обврзници

Четирите проекти се капитални: кружен тек во градот во месноста Табана, целокупна инфраструктура на улицата „Победа“ кај Типската населба, инфраструктурно уредување на влезот Прилеп- Македонски Брод и поставување фотоволтаични панели на сите основни и средни училишта.

Прилеп сака да се задолжи со 5 милиони евра преку издавање општински обврзници. Во големата сала од локалната самоуправа денеска се спроведе јавна расправа на која градските власти понудија четири капитални проекти, три од инфраструктурата и еден за производство на елекрична енергија преку обновливи извори, со поставување фотоволтаици на училиштата.

Бранко Нешкоски, раководител на секторот урбанизам вели дека урбанистичките проекти се за развојот на градот, а производството на електрична енергија налагаат светските економски текови.

-Четирите проекти се капитални: кружен тек во градот во месноста Табана, целокупна инфраструктура на улицата „Победа“ кај Типската населба, инфраструктурно уредување на влезот Прилеп- Македонски Брод и поставување фотоволтаични панели на сите основни и средни училишта. Првите три инфраструктурни проекти го означуваат развојот на Прилеп и граѓаните ќе добијат подобра инфраструктурна комуникација, а со фотоволтаичните панели, во склад со условите кои ги наметнува светското стопанство, обезбедуваме производство на електрична енергија и искористување на обновливите извори на енергија, рече Нешкоски.

Драги Ѕвездакоски, раководител на одделението за финанси вели дека се направени првичните пресметки, а Прилеп има капацитет да отплаќа и рати на каматата и да го плати главниот долг по 7 години. Годишната рата е од 240 000 евра на каматата и на крајот, по седум години е отплатата на главниот долг од 5 милиони евра. Ѕведакоски уверува дека Министерството за финанси ќе им даде зелено светло во овој втор обид за задолжување преку општински обврзници.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close