Прилепски средношколци наградени за иновација за користење на дождовницата за наводнување
Тимот од пет ученици од средното училиште „Орде Чопела“ и нивниот професор – ментор, агроном-инженер Ѓорѓија Гагалески нудат решение за наводнување насади и градини користејќи ја дождовницата и штедејќи вода и средства.
Систем за наводнување со користење на дождовницата на тим прилепски средношколци е една од петте наградени иновации во земјава. Тимот од пет ученици од средното училиште „Орде Чопела“ и нивниот професор – ментор, агроном-инженер Ѓорѓија Гагалески нудат решение за наводнување насади и градини користејќи ја дождовницата и штедејќи вода и средства.
Како што објаснува менторот, професорот Гагалески, навидум иновацијата е едноставна, ама нуди практично решение. За наводнување на половина декар училишен расадник им беа потребни 2 000 евра инвестиицја. Предноста е што растенијата не зависат од тоа кога ќе заврне, а системот може да се контролира на далечина.
–НАШИОТ ОВОШТАРНИК ДОСЕГА КОРИСТЕШЕ ВОДА ОД СИСТЕМОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА „ПРИЛЕПСКО ПОЛЕ“. НО, ВО ОДРЕДЕНИ ПЕРИОДИ ТОЈ СИСТЕМ НЕМА ДОВОЛНО ВОДА, А И ДА СПРЕЧИМЕ ПРЕКУМЕНРО ТРОШЕЊЕ, РЕШИВМЕ СО НАШИОТ ПРОЕКТ ДА УЧЕСТВУВАМЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ДОЖДОВНИЦАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ОВОШТАРНИКОТ, И МОНТИРАЊЕ СИСТЕМ „КАПКА ПО КАПКА“ ЗА ПОРАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА. ПРОЕКТОТ СЕ СОСТОИ ОД РЕЗЕРВОАРИ ВО КОИ ЈА СОБИРАМЕ ДОЖДОВНИЦАТА, ИМА ФИЛТРИ ЗА ВОДАТА КОЈА СЕ АНАЛИЗИРА ВО УЧИЛИШНАТА ЛАБАРАТОРИЈА ЗА ДА СЕ ВИДИ КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА И ДАЛИ ИМ ОДГОВАРА НА РАСТЕНИЈАТА. ДОКОЛКУ ТРЕБА, СО КОЛЕГИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКАТА СТРУКА ДОДАВАМЕ ЕЛЕМЕНТИ ИЛИ ПРИХРАНА ЗА РАСТЕНИЈАТА ПА РАСТЕНИЈАТА ГИ ДОБИВААТ ПОТРЕБНАТА ВОДА И СОСТОЈКИТЕ ЗА ПРИХРАНА. ГИ ИСКОРИСТИВМЕ СИТЕ СРЕДСТВА ШТО НИ БЕА НА РАСПОЛАГАЊЕ, 120 000 ДЕНАРИ, А СЕТО ЗАВИСИ ОД ГОЛЕМИНАТА НА ОВОШТАРНИКОТ И СОБРАНИТЕ КОЛИЧЕСТВА ВОДА, ОБЈАСНУВА ГАГАЛЕСКИ.
Гагалески ги повикува и градежниците и земјоделците да ја искористат иновацијата.https://www.vecer.press/