fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

И фирма во Македонија почна да нуди работа четири дена во неделата

Вистинска сензација, особено ако се земе предвид дека кај нас сè уште може да се чуе за работодавачи што настојуваат да се работи и подолго од 40 часа неделно.

Компанијата „Базаро“ има активен оглас за вработување, а во него се бара работник за логистика, кој ќе работи 4 дена во неделата. Според огласот, тој ќе добие навремени и сигурни примања, платен секој изработен час, дополнително повисоко платенa работа на празник и за прекувремена работа, организиран превоз до работното место, обезбеден оброк секој ден. Во светот скромно се појавуваат компании што веќе вовеле или воведуваат 4-дневна работна недела.

Огласот на „Базаро“ е вистинска сензација, особено ако се земе предвид дека кај нас сè уште може да се чуе за работодавачи што настојуваат да се работи и подолго од 40 часа неделно. Како посебно истакнат пример, кој сè уште ја бранува јавноста, е Договорот со компанијата „Бехтел и Енка“ за 60-часовна работна недела за изградба на автопатиштата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д.

Целиот текст https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close