Привршува откупот на тутунот
Откупот на тутунот годинава може да заврши предвреме. Според сегашното темпо на откупните пунктови последните кутии со жолтото злато ќе треба се продадат до крајот на овој месец , многу порано пред законскиот рок до 15-ти март. Досега се преземени повеќе од 21.000 од предвидените 23.000 тони. Квалитетот е добар, а просечната цена скокна на 214 денари за килограм или за 18 денари повеќе од лани..
Тутунарите се задоволни од откуп на тутунот. Досега според Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 21.000 од вкупните 23.000 тони тутун, колку што се очекува да тежи родот годинава.
Постигната е просечна откупна цена од 214 денари за килограм. Вредноста на откупеното е скоро 60 милиони евра, а исплатата се врши според договорите на кооперантите со монополите.
Лани просечната откупна цена беше 196 денари за измерен килограм што е за 18 денари помала од сегашната. Субвенцијата за родот од 2017-та е 60 денари за килограм за сите класи, а по измените на Законот за тутун во иднина се планира тие да бидат по 80 денари за килограм прва, 70 за втората класа, а за третата и другите класи да остане субвенцијата од 60 денари за килограм.
Откупната кампања според Законот, мора да заврши на 15-ти март
мртhttps://www.mrt.com.mk/node/46352