fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Струмичани се поклонуваат на моштите на Св. Василиј Велики

Донесени се во Струмица во 1830 година, се изнесуваат само на овој празник

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

– Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.

По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лепчиња со паричка.

За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападокија од војник од овие краишта кој служел во војската на турската империја.

https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close