fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ=7.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close