fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Продолжено работното време на угостителите во Кавадарци за „Тиквешки гроздобер“

Продолжувањето ќе биде на сила само додека се одржува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, односно 9, 10  и 11 септември годинава.

На вчерашната седница на советот на општина Кавадарци едногласно беше донесена одлука со која им се продолжува работното време на угостителските објекти за дополнителни 2 часа. Продолжувањето ќе биде на сила само додека се одржува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, односно 9, 10  и 11 септември годинава.

Советникот од Левица, Круме Богевски побара разгледување на можноста и на трговските субјекти во општината да им се дозволи да работат во недела, додека се одржува гроздоберот. Иницијативата беше поддржана и ќе се бара од надлежното министерство да се произнесе по ваквото барање.

Градоначалникот Митко Јанчев во својата дискусија на седницата нагласи дека го поддржува таквиот предлог  и смета дека законот за недела не работен ден е потребно владата да го повлече во овој период, кога компаниите се соочуваат со енергетска криза и плаќаат енормно висока цена за струја.https://duma.mk/region/kavadarci/prodolzheno-rabotnoto-vreme-na-ugostitelite-vo-kavadarci-za-tikveshki-grozdober/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close