fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Продолжуваат горештините, денеска до 39 степени, УВ индексот 9

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ ќе биде 9.

Сончево и многу топло ќе биде и денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 39 степени, а висок ќе биде и УВ индексот.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ ќе биде 9.

Во Скопје слично време со минимална температура околу 19 и максимална до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close