fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 усвоена на владина седница

Со годинашната Програма првпат се врши усогласување со политиките на Европската Унија преку воведување пилот-мерка во овоштарството за линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за почеток за секторот овоштарство. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата.

Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, која е донесена врз основа на анализи за искористеноста на средствата, земајќи го предвид развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба, е усвоена на денешната владина седница. 
Како што соопшти владината прес-служба, со годинашната Програма првпат се врши усогласување со политиките на Европската Унија преку воведување пилот-мерка во овоштарството за линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за почеток за секторот овоштарство. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата.
Новитет во оваа програма, како што се наведува, е што исплатата за оваа мерка ќе се врши авансно во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември, а остатокот ќе биде исплатен до мај следната година, како и досега.
-Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за полјоделство, градинарство и лозарство.
Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството е предвидено зголемување на финансиската поддршка за мерката зелена нафта, со цел да се анулираат зголемените трошоци за нафта, се вели во соопштението.
Со новата Програма се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и првпат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко и продолжува поддршката за сите стратешки култури како тутунот, грозјето, пченицата и друго.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ја донесе и Програмата за финансирање на микро производителите на вино за 2022 година.
-Согласно оваа програма, 68 микро винарии кои се регистрираа според поволните политики за развој на оваа дејност, сега се стекнуваат со можност да аплицираат за грантови во висина од 10.000 евра за опрема и консултантски услуги на енолози, стои во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close