fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Производителите на ориз со рок до петок или најавуваат нови протести

Последната се однесува на поскапувањето на водниот надоместок, односно, наместо досегашните 800 денари за наводнување на еден декар површина, сега за истата услуга кон водостопанство „Брегалница’ ќе треба да плаќаат по 1.700 денари.

Оризопроизводителите од Кочанско повторно се заканија со протести, доколку Владата и Министерството за земјоделие до петок не им излезат во пресрет на барањата. Годинава оризпроизводството е во катастрофална состојба, дел заради сушата, дел заради болести, а ним им ги поскапуваат давачките. Последната се однесува на поскапувањето на водниот надоместок, односно, наместо досегашните 800 денари за наводнување на еден декар површина, сега за истата услуга кон водостопанство „Брегалница’ ќе треба да плаќаат по 1.700 денари.

– Ослободување од водниот надоместок, поточно, враќање на старата цена од 800 денари, зашто цената на водниот надоместок е зголемена за 110% и прогласување на елементарна непогода. Од болести, од сушата, значи приносите ќе бидат десеткувани, ќе нема ни 50%, од 400 до 500 кг од декар е максимално ако имаме приноси. Значи катастрофа е со оризот оваа година- изјави Здравко Арсов, ИО за спас на оризопроизводителството.

Цена под 60 денари за килограм оризова арпа е неприфатлива за оризарите. Велат дека производствените трошоци се двојно, па и тројно зголемени и доколку не сакаме оваа земјоделска култура да не ја снема од полињата, ќе мора да се зголеми и цената. Како аргумент ја посочуваат цената на светските берзи.

– Не светската берза арпата е 90 денари. Ако веќе се повикуваат на берза, треба да го почитуваме тоа. Индија и Кина имаат забрана за извоз, значи оризот е специфичен и треба да се прогласи за стратешка култура. Мора некаков договор да постигнеме, инаку и тоа што се произведува нема повеќе за живот, младите ја напуштаат државата- додаде Арсов.https://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close