Комерцијален текст- Скопски легури
Одгледувањето на ајварката е значајно за нашето земјоделско производство, бидејќи станува збор за култура која е наше обележје и која е главна состојка на омиленото јадење на секој жител на Македонија – ајварот. Оваа интензивно црвена боја, со која се бојат полињата низ државата секоја година е симбол на нашата традиција. Помалку упатените во земјоделството, на прашањето каде се произведува ајварката, веднаш ќе одговорат во Струмица. На ова земјоделците од Прилепско-битолскиот регион ќе Ви кажат дека тие се поголеми производители на ајварка. Кога одиме на терен и кога разговараме на оваа тема со земјоделците од овие краишта, уживаме во ваквите симпатични изјави. Кој произведува повеќе пиперка за ајвар, Струмичкиот или Прилепско-битолскиот регион, е прашање кое нема да го одговориме во оваа прилика, тоа им го оставаме на земјоделците. Но без оглед на тоа кој е поголем производител, ние сме благодарни, што секоја година на нашите трпези одново се наоѓа ајварот.
И целата оваа приказна тргнува од едно семче, кое понатаму се развива во здраво растение, убава пиперка , па дури потоа вкусен ајвар. Е тука доаѓаме ние, со нашиот производ Тераграмин. За производството на расадот за ајварка, во било кој од овие региони, земјоделците подготвуваат леи на идентичен начин, најчесто на површина од 10 м2 до 15 м2. Откако почвата претходно убаво ќе ја изораат, треба да додадат подобрувач на почва Тераграмин во количина од 1 кг на м2 и убаво да ја измешаат со фреза или со култиватор. Потоа ја рамнат површината на леата и ја натапкуваат добро, па дури потоа го сеат семето. Одозгора покриваат со прегорено арско ѓубре, со субстрат или сл. Потоа се залива со вода и се следи развојот до добивањето на готов расад за пресадување на нива. Расадот може да се произведува на отворено или со покривање со најлон, а најчести сорти на ајварка кај нас се куртовата капија и слоновото уво.
Со додавањето на Тераграмин при подготовката на леата, се добива повооедначено никнење, кореновиот систем е поразвиен и не доаѓа до “исциглување” на расадот, што значи дека се формира поцврсто стебло. Ова е резултат на подобрената регулација на водно-воздушниот режим на почвата, што е главна придобивка од употребата на Тераграмин, а со тоа почвата се прави поровка и растресита, се одржува влажноста и се зголемува нејзината температура.
При пресадувањето на готовиот расад, се препорачува да се продолжи со употребата на Тераграмин на два начина. Или се расфрла по целата површина со ѓубре-растурач во количина од 1-2 кг на м2 (1-2 тона/декар) или се нанесува рачно во редови во количина од 1 кг на метар должински. Вака расфрланиот Тераграмин, треба убаво да се внесе во почвата со заорување, доколку е нанесен по целата површина или доколку е во бразда да се размеша при садењето.
Со употребата на Тераграмин од почетокот до крајот на производството на ајвараката се добива поздраво растение, отпорно на биотски и абиотски стресови, кое ќе плодоноси повеќе и ќе се прилагоди подобро на екстремните климатски услови, поради способноста на Тераграмин да задржува течности до 60%, со што се обезбедува континуирана снабденост со вода и хранливи материи од растворените ѓубрива.
Оваа година во двата региона најголеми производители на ајварка, многу земјоделци за прв пат прават расад со употреба на Тераграмин, на што сме многу горди и планираме да ги споделиме нивните искуства во некоја следна статија.