вестиМакедонијаТоп вести

Во Дебарско за субвенции аплицирале 693 земјоделци

До Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар барање за субвенции доставиле 693 земјоделци во определениот рок.

-Споредено со минатата година на повикот за Програмата за директни плаќања за 2020 година бројот на доставените апликации е за три отсто поголем. Станува збор за земјоделци од општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кои поради близината последните години барањата ги доставуваат кај нас, изјави за Арбен Муладаути, раководител на подрачната единица. Додава дека иако се давало можност и електронски да се аплицира, сепак земјоделците барањата ги доставиле во просториите на единицата, каде им е пружена сета потребна помош околу пополнување на барањето и потребната документација.

-Со другите мерки за финансиска поддршка во земјоделството, очекуваме бројот на барањата да биде околу илјада, колку што имавме и лани, кога на земјоделците им беа исплатени околу милион евра, додава Муладаути. Оценува дека оваа помош од државата е добредојдена и позитивно влијае врз зголемување, пред се на стадата овци, кои моментно бројат над 40.000 грла.

Извор: Опсервер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close